
Решавање проблеми
168
Уредот емитува кратки звуци и иконата на батеријата е празна
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ја или заменете ја батеријата за да продолжите да го
користите уредот.
Батеријата не се полни правилно или уредот се исклучува
•
Контактите на батеријата може да се нечисти. Избришете ги двата златно-обоени контакта со
чиста, мека крпа и повторно обидете се да ја наполните батеријата.
•
Ако батеријата веќе не се полни целосно, фрлете ја во отпад на безбеден начин и заменете ја
со нова батерија (консултирајте се со Вашите локални власти за упатства за прописно фрлање
во оптад).
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или користите апликации на уредот
подолго време, Вашиот уред може да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава и не би
требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред Samsung мора да има доволна количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате камерата,
обидете се со следново:
•
Наполнете ја батеријата или заменете ја со батерија што е целосно наполнета.
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Рестартирајте го уредот. Ако сè уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидувањето со претходните совети, контактирајте го сервисниот центар на Samsung.
Се појавуваат пораки за грешка при отворање музички фајлови
Некои музички фајлови нема да се емитуваат на Вашиот уред Samsung заради различни причини.
Ако добивате пораки за грешка кога отворате музички фајлови на Вашиот уред, обидете се со
следново:
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Осигурете се дека музичкиот фајл не е заштитен со DRM (Управување со дигитални права).
Ако фајлот е заштитен со DRM, осигурете се дека ја имате соодветната лиценца или клуч за
емитување на фајлот.
•
Осигурете се дека Вашиот уред го поддржува таквиот вид фајл.
Commenti su questo manuale