
Решавање проблеми
217
Батеријата не се полни правилно (за полначи одобрени од
Samsung)
•
Уверете се дека полначот е правилно поврзан.
•
Ако терминалите на батеријата се нечисти, батеријата може да не се полни правилно
или уредот може да се исклучи. Избришете ги двата златно-обоени контакта и повторно
обидете се да ја наполните батеријата.
•
Батериите на некои уреди немаат можност за замена од страна на корисникот. За замена
на батеријата, посетете сервисен центар на Samsung.
Батеријата се троши побрзо од периодот кога била купена
•
Кога ја изложувате батеријата на многу високи или многу ниски температури, корисниот
капацитет може да се намали.
•
Потрошувачката на батеријата се зголемува кога ги користите одликите за размена на
пораки или некои апликации, како што се игри или Интернет.
•
Батеријата е потрошен дел и корисниот капацитет ќе се намалува со текот на времето.
Вашиот уред е презагреан при допир
Кога користите апликации што бараат повеќе енергија или употребувате апликации подолго
време, Вашиот уред може да биде презагреан при допир. Ова е вообичаена појава и не би
требало да влијае врз животниот век или функционирањето на уредот.
Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата
Вашиот уред мора да има доволно количина слободна меморија и енергија на батеријата
за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате
камерата, обидете се со следново:
•
Наполнете ја батеријата или заменете ја со батерија што е целосно наполнета.
•
Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно
бришење од уредот.
•
Рестартирајте го уредот. Ако сè уште имате проблеми со апликацијата за камерата по
обидите со овие совети, контактирајте со сервисен центар на Samsung.
Commenti su questo manuale